Home » Uncategorized » Известување за учениците кои полагаат завршен испит/државна матура

Известување за учениците кои полагаат завршен испит/државна матура

Согласно Уредбата со законска сила за  изменување и дополнување на Уредбата со законска сила со примена на Законот на средно образование за време на вонредната состојба, („ Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.116/20), Ве известуваме дека ќе се организира полагање на завршен испит во јунскиот испитен рок, за учениците/лица кои се пријавиле за полагање на завршен испит во рокот утврден во подзаконските акти, а притоа

  • во предходните учебни години започнале со полагање на испити од државната матура, завршен испит но не ги положиле или не присуствувале на истите и се пријавиле за повторно полагање на завршен испит во учебната 2019/2020 година
  • имаат завршено четиригодишно средно образование и се здобиле со диплома, а оваа учебна година се запишани како вонредни и завршуваат друг вид на средно образование и се пријавиле за полагање на завршен испит

Полагањето ќе се изведе според Календарот за организација на учебната 2019/2020 година во јавните средни училишта за јунскиот испитен рок:

  • задолжителен дел (македонски јазик и литература, албански јазик и литература) на 12.06.2020 година со почеток во 9 часот
  • изборен дел (стручните предмети ) на 26.06.2020 година со почеток во 9 часот

За начинот на изведување на завршниот испит  дополнително ќе бидете известени на веб страната и на огласната табла на училиштето.

 

 За ученици кои ќе полагаат државна матура во учебната 2019/2020година:

 

Полагањето на  стручните наставни предмети од државната матура ќе се одржи на:

  • на 26.06.2020 година со почеток во 9.00 часот

За начинот на изведување на испитот   дополнително ќе бидете известени на веб страната и на огласната табла на училиштето.