ОСТУ ,,Наце Буѓони” со ново видео за идните средношколци
Погледнете го нашето ново видео!
ОСТУ ,,Наце Буѓони” со видео претставување на образовните профили
Ново видео каде се претставени сите струки и образовни профили во нашето училиште и потребните поени за упис. Погледнете!
Замени ја улогата
# Креативност, знаење и тимски дух во работилниците по повод патрониот празник на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово По повод патрониот празник на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово, беа организирани повеќе едукативни и креативни работилници, во кои активно учество зедоа голем број ученици од македонските и албанските паралелки. Дел од учениците со посветеност учествуваа во подготовката на активностите, додека останатите имаа можност да ги покажат своите знаења, способности и креативност преку решавање на различни задачи. (more…)
Шаховски турнир по повод патрониот празник на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово
Конечниот пласман беше следниот:
Четврто место – Ангел Димковски
ОСТУ „Наце Буѓони“ посветува особено внимание на интересите и талентите на своите ученици, препознавајќи ја важноста на нивниот развој и надвор од редовната настава.

Преку ваквите активности, училиштето ги поддржува, охрабрува и мотивира младите да ги развиваат своите способности, да ја градат самодовербата и да се стремат кон нови успеси. Горди сме на заинтересираноста, ангажираноста и ентузијазмот на нашите ученици, кои се поттик за продолжување на активностите што го збогатуваат училишниот живот и создаваат можности за лична афирмација и развој.
Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието
Во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 16.10.2026 год. Учениците од мешан етнички состав од двете партнер училишта ОСТУ “Наце Буѓони” и ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски “- Велес заедно со одговорните професори реализираа работилница за обработка на логата на двете партнер училишта со CNC машини. Учениците имаа можност одблизу да видат гравирањето и сечењето на лого по претходно скицирање и подготовка на дизајнот во Fusion 360, претворање во G-код и симулација на сечење. (more…)
Спој на генерации
ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации
Нашите ученици учествуваат во активностите во рамки на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации, во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид.

🧠 Грижата за менталното здравје е наша заедничка мисија!

11 Октомври – Денот на народното востание
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, ученичката Теодора Николовска од ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово од клас IV-7 под менторство на професор Лидија Цветкова освои прво место на литературниот конкурс организиран од Отсекот за превенција при Министерство за внатрешни работи.
Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието ,,Заедно сме посилни,,
На ден 25.09.2026 година (петок) во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието беа спроведени активности со посета на Велес.









