Нашите ученици од здравствената струка гордо го претставија нашето училиште на јавната трибина посветена на машкото здравје во Куманово.
Во рамки на месецот посветен на машкото здравје, Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово ја организираше трибината „Машки муабети“ во просториите на поранешен Комитет. За нас како училиште е особено значајно што нашите идни здравствени работници активно се вклучија со сопствени презентации за превенцијата и навременото препознавање на здравствените ризици.
На настанот се обратија и нашите поранешни ученици,а сега успешни лекари Др.Никола Стефановски,Др.Анѓела Крњулац Величковиќ и Др.Дарко Каранфиловски, кои зборуваа за уролошките заболувања, превентивните прегледи и секојдневната грижа за сопственото здравје, потврдувајќи дека знаењето и раната превенција се клучни за здрав живот.
Трибината имаше за цел да отвори искрен разговор за теми што често се ставаат настрана, да ја подигне свеста за редовни контроли и да ги охрабри мажите да се грижат за своето здравје. На средбата присуствуваа претставници од општинската администрација, општинските училишта, јавните претпријатија и здруженијата. Учениците изготвија брошури и анкети за машкото здравје,кои присутните ги пополнија анонимно. Присутните добија симболични подароци – шолји изработени од корисниците на Центарот за рехабилитација и реинтеграција на лица со интелектуална попреченост над 18-годишна возраст „Порака наша“. ОСТУ „Наце Буѓони“ останува посветено на практичната и општествената вклученост на своите ученици во вакви значајни здравствени и едукативни иницијативи во нашата заедница.
Home » Активности » Трибина посветена на машкото здравје во Куманово
















