Home » Активности (Page 8)
Активности
Училиштето ,,Наце Буѓони” дел од on-line програма на Erasmus, E – twining
Нашето училиште ,,Наце Буѓони” е дел од on-line програмата на Erasmus, E – twining. Претставници од 16 училишта од 5 држави (Турција, Молдавија, Полска, Романија и Македонија) одржаа online состанок за натамошните активности во кои ќе бидат вклучени по 5 ученика од секое училиште. (more…)
Новогодишни честитки изработени од нашите ученици
Ученици од нашето училиште, од машинска струка – клас II1, изработија 3Д честитки. Среќни празници!
ОСТУ,,Наце Буѓони” поставува соларни панели за заштеда на енергија
Во нашето училиште во тек е поставување на соларни панели за сопствено производство на електрична енергија и тоа на централната зграда и на спортската сала.
Германски проект за дуалното образование во ОСТУ,,Наце Буѓони”
Денеска ОСТУ „ Наце Буѓони“ беше домаќин на проектот за вмрежување, организиран од Образовниот центар на баварско стопанство ( bbw gGmbH) од Германија, во соработка со локалниот економско социјален совет, општина Куманово, локалните претпријатија и претставници на советот на родители од училиштето. (more…)
Ученици од ,,Наце Буѓони” меѓу најдобрите 4 тима на RoboМac Junior 2022
Минатата недела, од 30 ноември до 2 декември 2022 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, по две години пауза, се одржа натпреварот Robomac Junior во кој учествуваа 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта од нашата држава, поделени во 2 категории.
На натпреварот учество земаа две ученички од нашето училиште, Ива Митевска и Нина Додиќ, кои се четврта година на насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. (more…)
Ученици од ОСТУ „Наце Буѓони” со завидни резултати на литературен конкурс организиран од Друштвото на писатели од Куманово
Повторно награди, традиционално, како и секоја година. (more…)
Заедничка активност на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово и ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието
УЧЕСТВО И НАГРАДИ НА 43-та МАКИНОВА и 20-та ЕКОНОВА 2022 година
Учество на 43-та МАКИНОВА и 20-та ЕКОНОВА 2022 година во организација на Народна техника на Македонија, СПАТУМ и Министерство за образование и наука од 8-10 ноември, во Дом на Арм Скопје, каде нашите ученици од здравствена и електротехничка струка, електротехничар за компјутерска техника и автоматика се претставија со своите трудови и иновации како и секоја година. (more…)