Home » Активности » Ученици (Page 9)

Ученици

Распоред за полагање на вонредни испити во мартовска испитна сесија

Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.

Распоред за полагање на вонредни испити во февруарска испитна сесија

Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.

Ученици од Наце Буѓони во посета на ,,Зафир Сајто”

 Денес ученици од нашето училиште ОСТУ,,Наце Буѓони”  беа во едукативна посета на Домот за стари лица  ,,Зафир Сајто” Куманово. Целта на оваа посета беше запознавање со начинот на работа на оваа установа и дружење со старите лица кои таму престојуваат.

Оваа активност ја реализираа учениците кои членуваат во Училишниот парламент при училиштето како дел од предвидената програма за едукативни посети во учебна 2016/17 година.

(more…)

Се одржа тестирање за YES програмата

На 16.09.2016 година во нашето училиште „Наце Буѓони“ се одржа тестирање на учениците од Куманово за американска стипендија од YES програмата и една година престој во Америка. Освен кумановските, тест по англиски јазик полагаа и ученици од другите градови од регионот. (more…)

Специјални гости на ,,Science and cultural fair” во ПСУ ,,Јахја Кемал”

Ученикот Дамјан Петровски од ОСТУ „Наце Буѓони“ доби покана да земе учество на ,,Science and cultural fair” во ПСУ ,,Јахја Кемал”- Струмица и ПСУ ,,Јахја Кемал”- Струга, каде како специјален гост ќе го презентира својот труд ,,Холограм”. (more…)

Учество на натпреварот ,,Лидер на струка”

Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија. Оваа година се одржува по втор пат, а за прв пат учество земаа и ученици од нашето училиште ,, Наце Буѓони” од електротехничката и здравствената струка.

(more…)

ОСТУ ,,Наце Буѓони” во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија

По повод Светскиот ден на науката, во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, на 10 Ноември  се одржа петтата по ред изложба на иноваторски проекти и експонати на млади научници, под мотото „Квалитетно образование – наука за одржлива иднина за сите”.

Нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” ја имаше честа да ги претстави трудовите од учениците Милан Поповски и Дамјан Петровски:“Мешалка на обоени раствори”  и  “Модел на Холограм”.

(more…)

Гостување во емисијата Голем одмор на МРТВ

Заради успешните резултати постигнати на учениците од нашето училиште на државните натпревари, на покана од Народна техника – Куманово, добија можност да учествуваат во емисијата Голем одмор на МРТВ каде ги претставија своите иновативни проекти  “Мешалка на обоени раствори”  и  “Модел на Холограм”.

Како изгледаше нивното претставување можете да погледнете тука:

(more…)

Наградени ученици во учебна 2014/2015 година

Наградени ученици во учебна 2014/2015 година од учества на бројни манифестации и натпревари во градот и републиката.

Отворете го документот тука

„Еко-училиште“

Ученичката Анастасија Бојковска од 3 година  во нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони”, освои второ место во категорија најдобра фотографија/фотосторија на интернационалниот натпревар на млади репортери во 2014 година во кампањата “Помалку отпад“.

(more…)