Home » Почетна (Page 33)

Почетна

Гостување во емисијата Голем одмор на МРТВ

Заради успешните резултати постигнати на учениците од нашето училиште на државните натпревари, на покана од Народна техника – Куманово, добија можност да учествуваат во емисијата Голем одмор на МРТВ каде ги претставија своите иновативни проекти  “Мешалка на обоени раствори”  и  “Модел на Холограм”.

Како изгледаше нивното претставување можете да погледнете тука:

(more…)

Зошто да се запишете во ОСТУ “Наце Буѓони”

Потпишан меморандум за соработка

На ден 28.10. 2015 година, во Куманово, нашето училиште ,,Наце Буѓони” потпиша меморандум за соработка со техничкото училиште Mostem од градот Manisa, Република Турција.

(more…)

Развој на ОСТУ “Наце Буѓони”

(more…)

Прво место на Меѓународен натпревар за фотографија

Ученикот Дарио Каролија од прва година  во нашето училиште  ОСТУ ,,Наце Буѓони” освои прво место на Меѓународен натпревар за фотографија на тема ,,Светлината на нашата перцепција” кој се одржа во Велес по повод Патрониот празник на ССОУ ,,Коле Неделковски “ на 17.12.2014 година.

(more…)

Кабинет медицина

Во овој кабинет се реализира практичната настава за II година од здравствената струка, за профилот медицинска сестра. Се врши обука за водење на медицинска документација, ракување со медицинска апаратура, инструменти и средства за работа, додека пак професионалното оспособување се реализира во реални услови во болница.

(more…)

Кабинет за автоматика и компјутерско управување

Овој кабинет е комплетно опремен со компјутерска опрема, и во него се реализираат часовите по практична настава од насоката – Компјутерска техника и автоматика и насоката – Техничар за компјутерско управување. Се изработуваат вежби од хардвер на компјутерските системи, програмирање на програмабилни логички управувачи (PLC) и поврзување со влезно-излезни уреди, симулација на примери за автоматско управување.

(more…)

Кабинет за компјутерска техника и електроника

Овој кабинет е комплетно опремен со компјутерска опрема, и во него се реализираат часовите по практична настава од насоката- Компјутерска техника и автоматика. Се обработуваат вежби за хардвер на компјутерските системи, програмирање, дизајнирање и уредување на Web страни,одржување на компјутерски мрежи, како и вежби за мерење и проверка на исправност на сите видови на електронски елементи.

(more…)

Кабинет по информатика

Во овој кабинет се изведува настава по наставниот предмет информатика од сите насоки и е еден од најстарите кабинети во училиштето. Опремена е со современа компјутерска опрема и софтверски пакети потребни за реализација на предметот.

Исто така, тука се реализираат и часовите по техничко цртање со нацртна геометрија и AUTO CAD.

(more…)

Кабинет за електрични апарати и уреди

Кабинетот е опремен со разни видови на конектори за изведба на индустриски инсталации и пуштање на електрични мерни апарати, за мерење на електрични трансформатори , а има и разни видови на  електрични апарати за домаќинство.

(more…)