Home » Соопштенија (Page 9)
Соопштенија
Пријава за пријавување на вонредни испити
Потребната пријава може да ја преземете тука.
Упатства и видео упатства за ученици и родители за најава и користење на националната платформа за учење на далечина
Националната Платформа за учење на далечина schools.mk овозможува:
- Континуитет и подобрување на образовниот процес до завршување на пандемијата со Ковид-19;
- Следење на наставата онлајн, паралелно со онаа во училница;
- Дополнување на наставата и во редовни услови;
- Взаемна вклученост и соработка на сите нивоа на образование и транспарентност.
ИЗВЕСТУВАЊЕ до родителите на учениците од основните и средните училишта за потребните конфигурации на ИТ уредите за користење на Националната платформа за учење на далечина
Известувањето може да го погледнете тука.
Распоред на часови за учебната 2020/2021 година
Распоредот на часови може да го погледнете тука.
Известување за почеток на новата учебна година
Почитувани ученици и родители, новата наставна 2020/2021 година во ОСТУ„Наце Буѓони“ Куманово со одлука на Владата на Р.С.Македонија со број 18-8098/1 и согласно Календарот за изменување на Календарот за организација на учебната 2020/2021 година во јавните средни училишта Сл. весник на Р Македонија бр. 209/2020 од 27.08.2020 ќе започне на 01.10.2020 година.
За начинот на организација и формата на одвивање на наставата ќе објавиме дополнителни информации.
Распоред за полагање на вонредни и поправни испити во АВГУСТОВСКАТА испитна сесија
Пријавувањето за полагање на поправни, дополнителни испити и испити на година за редовни ученици од прва, втора и трета година и вонредни испити во АВГУСТОВСКАТА испитна сесија во учебната 2019/2020 година ќе се врши на 12.08.2020 година по електронски пат.
Распоред за полагање на вонредни и поправни испити во АВГУСТОВСКАТА испитна сесија за ученици од завршни години
Пријавувањето за полагање на испити (поправни и испит на годината) за редовните ученици од завршните години и вонредни ученици (кои се од IV година и на кои испитот им е последен или еден од трите последни испити) во АВГУСТОВСКАТА испитна сесија во учебната 2019/2020 година ќе се врши на 05.08.2020 година по електронски пат.