Конструкциски механичар
Конструкцискиот механичар е насока која прави спој помеѓу занимањата бравар, машинобравар и заварувач во една целина која овозможува учениците да добијат квалификации за подготовка и изведба на машински конструкции со различни постапки на обработка и заварување.
Учениците ќе бидат оспособени да:
- Работат со челични конструкции
- Обработуваат метали со сечење, виткање, дупчење итн.
- Читаат технички цртежи и друга техничка документација
- Препознаваат машински склопови, потсклопови
- Користат податоци од каталози
- Заваруваат со повеќе постапки за електролачно и гасно заварување
- Ја познаваат примената на челиците
- Подготвуваат материјали за изведба на различни видови завари
- Идентификуваат начини на заштита од корозија
- Заваруваат елементи од леано жеезо, конструктивен и легиран челик
- Заваруваат елементи од алуминиум, бакар и нивни легури
- Почитуваат инструкции за безбедно ракување со опремата и употребување на заштитни средства
- Познаваат начини за обезбедување квалитет на заварените врски
- Изведуваат монтажа на носечки и покривни заварени конструкции
- Изведуваат и монтираат разни цевководи и цевководи од бакар за греење, климатизација и транспорт на гасови
- Изучуваат постапки за лемење и лепење
- Изучуваат постапки за заварување со електричен отпор, плазма и други извори на заварување
. Со завршување на тригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање – Конструкциски механичар.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години: