Home » Uncategorized (Page 18)

Uncategorized

Распоред за полагање на ВОНРЕДНИ испити во МАЈСКАТА испитна сесија

96792946_788149415048778_6681771830312697856_n

(more…)

ОСТУ ,,Наце Буѓони” со ново видео за сите идни средношколци

Погледнете!

Дел од активностите во нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони”

Погледнете!

ОСТУ “Наце Буѓони” со ново видео за идните средношколци

Распоред за полагање на ВОНРЕДНИ испити во АПРИЛСКАТА испитна сесија

слика194101788_612683499642411_8198832512089194496_n

КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

nace

Конкурсот за упис во новата учебна 2020/21 година можете да го погледнете тука.

Видео порака за Корона вирусот до сите – Од нас зависи! Остани дома!!!

Учениците од здравствена струка иако сеуште не работат по здравствените установи, сепак придонесуваат за ширење едукативни информации за Корона вирусот меѓу своите врсници и соученици. Драгана Спасовска од III8 со видео порака до сите! Од нас зависи! Остани дома!!!

„Наце Буѓони“ воведе онлајн настава за своите ученици

90527358_151317556145868_2294893290740252672_n

Наставниците од ОСТУ „Наце Буѓони“, во интензивна комуникација со своите ученици, уште од минатата седмица започнаа со настава преку интернет платформи со таква функција, за сите струки и профили.

Е-училниците наидоа на добар одзив кај учениците, кои во најголем број на случаи успешно ја следат наставата во живо безбедно, во своите домови. Нивните наставници на секој можен начин преку интернет исто така им ги доставуваат потребните материјали за учење, вежбање, одговарање, домашни работи, е-учебници и се што е потребно во вакви специфични услови при опасноста која демне од пандемијата со корона вирусот.

Министерот за образование Арбер Адеми најави и дека од утре, среда 25.03.2020 почнува далечинско учење за сите ученици. Владата воведува прва национална платформа за далечинско учење. Унифицираната платформа е наречена „Е-училница“, а се изработува во моментов од Бирото за развој на образование (БРО) и УНИЦЕФ.

Платформата, чија употреба е едноставна, ќе понуди видео-лекции, односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни лекции. Видео-лекциите ќе бидат од 15 минути и придружени со презентација, нарација и објаснувања од наставник/наставничка.

Е-училницата ќе биде достапна на www.eduino.gov.mk.

СООПШТЕНИЕ ЗА ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ

Одржувањето на испитите за вонредни ученици останува ОДЛОЖЕНО на НЕОДРЕДЕНО време, додека не се створат потребните услови во училиштето.

За термините на одржување на испитите ќе бидете навремено известени, информациите ќе бидат објавени на огласната табла и на веб страната на нашето училиште.

Информации, мерки и препораки за КОВИД-19

Сите потребни информации, мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија за КОВИД – 19 преку брзи линкови.