Home » За нас (Page 2)

За нас

Зошто да се запишете во ОСТУ “Наце Буѓони”

Потпишан меморандум за соработка

На ден 28.10. 2015 година, во Куманово, нашето училиште ,,Наце Буѓони” потпиша меморандум за соработка со техничкото училиште Mostem од градот Manisa, Република Турција.

(more…)

Зошто да се запишете во Наце Буѓони?

(more…)

Наце Буѓони – Биографија

unnamedНаце Кралев Ивановски – Буѓони е македонски комунист, учесник во НОВ. Роден е  во 1919 година во Белановце, Куманово. Потекнува од сиромашно работничко семејство. По завршувањето на основното училиште, во 1932 година го изучил ковачко-коларски занает. Во 1935 година го завршил занаетчиското училиште.

(more…)

Годишен план на училишен парламент 2014/15

Годишната програма за училичен парламент за 2014/15 година можете да ја погледнете тука

Училишен парламент

Во октомври 2012 год. учениците од ,,Наце Буѓони” заедно со неколку професори од училиштето основаа Училишен Парламент.

(more…)

Училиште денес

Развојот на стопанските субјекти во Куманово допринесе да се зголеми интересот на учениците за некои струки и профили, а со тоа се јави и потреба од обезбедување соодветни услови за едукација. За разлика од минатото, училиштето денес располага со три училишни згради и тоа:

    -Централна зграда во која настава се одвива на македонски наставен јазик
    -Зграда во дирекција ЗИК во која настава се одвива на албански наставен јазик
    -Работилница во која се наоѓа современо опремени кабинети за практична настава

Денес некогашниот Металски центар прерасна во современо и модерно Општинско Средно Техничко Училиште Наце Буѓони со 2092 ученика распределени во 68 паралелки(34 на македонски и 34 на албански наставен јазик).

picture2

picture3

picture4

Историјат

Како резултат на брзиот развој на металската идустрија во Куманово, како и потребата од металски стручен кадар, Народниот одбор на Кумановската околија во 1960 година донел Решение за основање на Училишен центар за стручно образование во металска насока подоцна познат како Метален центар Наце Буѓони. Училиштето започнува со работа на 1 септември 1960 година со 2 паралелки и 89 ученици: Машински техничар (43 ученика) и Индустриски работник (46 ученика). Првата генерација матуранти завршува во учебната 1963/64 година од која произлегле високо образовани кадри кои земаат активно учество на градот Куманово.

Училиштето е прогласено за најдобро училиште во Република Македонија .

 

Споделете на :

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail