Училиште денес
Развојот на стопанските субјекти во Куманово допринесе да се зголеми интересот на учениците за некои струки и профили, а со тоа се јави и потреба од обезбедување соодветни услови за едукација. За разлика од минатото, училиштето денес располага со три училишни згради и тоа:
-
-Централна зграда во која настава се одвива на македонски наставен јазик
-Зграда во дирекција ЗИК во која настава се одвива на албански наставен јазик
-Работилница во која се наоѓа современо опремени кабинети за практична настава
Денес некогашниот Металски центар прерасна во современо и модерно Општинско Средно Техничко Училиште Наце Буѓони со 2092 ученика распределени во 68 паралелки(34 на македонски и 34 на албански наставен јазик).