Потсетување за редовни и вонредни ученици за презентацијата и одбраната на проектната задача
Поради вонредната состојба во која се наоѓаме и според насоките за постапување за времетраењето на вонредната состојба од Министерството за образование и Државниот испитен центар, презентацијата и реализацијата на проектната задача, ќе се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
Според Календарот за организација на учебната 2019/2020 година краен рок за презентацијата и одбраната на проектната задача е 22 април 2020 година.
За подетални информации за начинот на презентацијата и одбраната на матурските проектни задачи, утврдувањето на времето на презентација и одбраната, учениците треба да исконтактираат со своите ментори и да ги завршат своите обврски во утврдениот рок.
Од училишната матурска комисија
ОСТУ “Наце Буѓони“ Куманово
Видео порака за Корона вирусот до сите – Од нас зависи! Остани дома!!!
Учениците од здравствена струка иако сеуште не работат по здравствените установи, сепак придонесуваат за ширење едукативни информации за Корона вирусот меѓу своите врсници и соученици. Драгана Спасовска од III8 со видео порака до сите! Од нас зависи! Остани дома!!!
„Наце Буѓони“ воведе онлајн настава за своите ученици
Наставниците од ОСТУ „Наце Буѓони“, во интензивна комуникација со своите ученици, уште од минатата седмица започнаа со настава преку интернет платформи со таква функција, за сите струки и профили.
Е-училниците наидоа на добар одзив кај учениците, кои во најголем број на случаи успешно ја следат наставата во живо безбедно, во своите домови. Нивните наставници на секој можен начин преку интернет исто така им ги доставуваат потребните материјали за учење, вежбање, одговарање, домашни работи, е-учебници и се што е потребно во вакви специфични услови при опасноста која демне од пандемијата со корона вирусот.
Министерот за образование Арбер Адеми најави и дека од утре, среда 25.03.2020 почнува далечинско учење за сите ученици. Владата воведува прва национална платформа за далечинско учење. Унифицираната платформа е наречена „Е-училница“, а се изработува во моментов од Бирото за развој на образование (БРО) и УНИЦЕФ.
Платформата, чија употреба е едноставна, ќе понуди видео-лекции, односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни лекции. Видео-лекциите ќе бидат од 15 минути и придружени со презентација, нарација и објаснувања од наставник/наставничка.
Е-училницата ќе биде достапна на www.eduino.gov.mk.
СООПШТЕНИЕ ЗА ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ
Одржувањето на испитите за вонредни ученици останува ОДЛОЖЕНО на НЕОДРЕДЕНО време, додека не се створат потребните услови во училиштето.
За термините на одржување на испитите ќе бидете навремено известени, информациите ќе бидат објавени на огласната табла и на веб страната на нашето училиште.
Информации, мерки и препораки за КОВИД-19
Сите потребни информации, мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија за КОВИД – 19 преку брзи линкови.
Во “Наце Буѓони” одржани презентации за актуелниот Корона вирус
Во текот на минатата недела во нашето училиште, учениците од здравствена струка под менторство на професорките Магдалена Трајановиќ и Катерина А. Димиќ презентираа теми од актуелниот Корона вирус, како и сезонскиот грип и хепатитис, со цел превенција од овие болести и навремено дијагностицирање. (more…)
Распоред за додатна и дополнителна настава во учебна 2019/2020
Распоредот за додатна и дополнителна настава во учебната 2019/2020 година можете да го погледнете тука.
Годишна завршна сметка за 2019 година
Во прилог ја доставуваме Годишната завршна сметка за 2019 година од ОСТУ ,,Наце Буѓони”. (more…)