Народна техника 2016

Народна техника 2016



Историјат

Како резултат на брзиот развој на металската идустрија во Куманово, како и потребата од металски стручен кадар, Народниот одбор на Кумановската околија во 1960 година донел Решение за основање на Училишен центар за стручно образование во металска насока подоцна познат како Метален центар Наце Буѓони. Училиштето започнува со работа на 1 септември 1960 година со 2 паралелки и 89 ученици: Машински техничар (43 ученика) и Индустриски работник (46 ученика). Првата генерација матуранти завршува во учебната 1963/64 година од која произлегле високо образовани кадри кои земаат активно учество на градот Куманово.

Училиштето е прогласено за најдобро училиште во Република Македонија .

 

Посета на дом за стари лица ,,Зафир Сајто”

Учениците од здравствената струка од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово го посетија домот за стари лица  ,,Зафир Сајто”, каде на пензионерите им беше презентиран едукативен материјал подготвен од страна учениците заедно со нивните професори по практична настава. Тема на презентираниот материјал беше хипертензија и хипергликемија(симптони и начини за превенција).

(more…)

TECHNOSCIENCE 2012

По повод 24-ти мај Св.Кирил и Методиј во нашето училиште за прв пат се одржа настанот Technoscience. Ова е технички саем наменет за осмооделенците од Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане. Осмооделенците и нивните ментори имаа подготвени трудови од повеќе области како што се  биологија, екологија, информатика, програмирање, презентирање во IMPRESS, физика, историја, хемија, географија и атлетика, кои ги презентираа пред соодветна комисија од нашето училиште. На крај беа поделени награди и дипломи за најуспешните. (more…)