Учениците од здравствената струка од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово го посетија домот за стари лица ,,Зафир Сајто”, каде на пензионерите им беше презентиран едукативен материјал подготвен од страна учениците заедно со нивните професори по практична настава. Тема на презентираниот материјал беше хипертензија и хипергликемија(симптони и начини за превенција).
По повод 24-ти мај Св.Кирил и Методиј во нашето училиште за прв пат се одржа настанот Technoscience. Ова е технички саем наменет за осмооделенците од Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане. Осмооделенците и нивните ментори имаа подготвени трудови од повеќе области како што се биологија, екологија, информатика, програмирање, презентирање во IMPRESS, физика, историја, хемија, географија и атлетика, кои ги презентираа пред соодветна комисија од нашето училиште. На крај беа поделени награди и дипломи за најуспешните. (more…)