Home » Активности » Натпревари

Натпревари

Освоено III-место на Државен натпревар по македонски јазик и литература

На 16.12.2023г. на Филолошкиот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар по македонски јазик и литература.
Во силна конкуренција од сите училишта низ Р.С. Македонија учениците од ОСТУ,,Наце Буѓони” постигнаа високи резултати. (more…)

Наградени ученици на МАКИНОВА 2023

370316732_3781200728835396_2274545278531423463_nУченици од нашето училиште земаа уество на 44-та МАКИНОВА и 21-ва ЕКОНОВА 2023 година кои во организација на Народна техника на Македонија, СПАТУМ и Министерство за образование и наука се одржаа во ОСУ,, Ацо Русковски”  Берово од 10-11 ноември. Нашите ученици од здравствена и електротехничка струка,  се претставија со своите трудови и иновации како и секоја година.
(more…)

,,Наце Буѓони” и оваа година ги собра медалите на 59-тиот ,,Државен натпревар на младите истражувачи”

На 13 мај 2023 година ученици од ОСТУ,,Наце Буѓони” учествуваа на 59-тиот ,,Државен натпревар на младите истражувачи” од Република Северна Македонија кој се одржа во ССОУ „Коле Неделковски„ – Велес.

Ученици кои земаа учество и награди се: (more…)

Ученици од ,,Наце Буѓони” меѓу најдобрите 4 тима на RoboМac Junior 2022

Минатата недела, од 30 ноември до 2 декември 2022 година на  Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, по две години пауза, се одржа натпреварот Robomac Junior во кој учествуваа 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта од нашата држава, поделени во 2 категории.

На натпреварот учество земаа две ученички од нашето училиште, Ива Митевска и Нина Додиќ, кои се четврта година на насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.  (more…)

ОСТУ ,,Наце Буѓони” освои едно прво и две втори места на Државниот натпревар на електро, машински и сообраќајни училишта

IMG-77c6f35fbef7b809c5bfe73150cc0655-V

На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Северна Македонија, кој се одржа на 6 мај по 39-ти пат во ССОУ  “Коле Неделковски” – Велес, нашето училиште постигна извонредни резултати.

(more…)

,,Наце Буѓони” собра 9 медали на Државниот натпревар на млади истражувачи ,,Наука на млади”

На 16ти и 17ти април 2022 година ученици од ОСТУ ,,Наце Буѓони” учествуваа на 58-ми Државен натпревар на младите истражувачи ,,Наука на млади” од Република Северна Македонија кој и оваа година по трет пат се одржа онлајн.

Ученици кои земаа учество и награди се: (more…)

II место за тимот на ,,Наце Буѓони” на државно ниво во LEAGUE OF LEGENDS

На 14.10. 2021година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност заедно со Македонска Е-спорт Асоцијација, по повод Еразмус+ деновите, организираше турнир во LEAGUE OF LEGENDS, каде учество земаа и ученици од нашето училиште. (more…)

Ученик од ОСТУ ,,Наце Буѓони” освои прво место на државниот натпревар по биологија

Голем успех на крајот на наставната година. На државниот натпревар по биологија Денис Новчевиќ од III9 здравствена струка освои прва награда, а Анастасија Атанасовска од I8 здравствена струка освои трета награда.

ОСТУ „Наце Буѓони” со седум медали на 57-миот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна Македонија

На 07.06.2021 година беа доделени дипломите и медалите на наградените ученици и ментори од 57-миот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна МАКЕДОНИЈА под името НАУКА НА МЛАДИ за ученици од средните училишта по применети природни и технички науки, кој традиционално го организира Народна техника. (more…)

Во ОСТУ „Наце Буѓони” доделени наградите од 56-тиот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна Македонија

Почитувајќи ги мерките и Протоколот на Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести на ден 20.01.2021 година во средното општинско училиште „Наце Буѓони”, општина Куманово свечено се доделија дипломите и медалите на наградените ученици од 56-тиот Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија – НАУКА НА МЛАДИ за ученици и ментори од средните училишта од Кумановскиот регион во организација на Сојузот на здруженија на младите истражувачи на Македонија – НАУКА НА МЛАДИ и НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА и домаќин на настанот Народна техника Куманово и ОСТУ  „Наце Буѓони” Куманово и директорот Драган Јаневски.

(more…)