Home » Струки » Машинска

Машинска

Машински механичар

Машински механичар е насока која претставува современ спој на машино-бравар, бравар-механичар за железнички возни средства и механичар за градежна и рударска механизација.Со ваквото образование учениците се стекнуваат со потребните квалификации за изработка, сервисирање и одржување на машини и опрема, хидраулични и пневматски инсталации кај опрема и маханизација, со можноста за напредување кон четиригодишно и универзитетско или пак спрецијалистичко образование. Меѓуиспит се спроведува по реализација на целокупната стручна обука од 18 месеци.Обуката се изведува во неделни блокови, со замена на теорија и практична обука. Со завршување на тригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање – Машински механичар.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години:

I      II      III

 

 

 

 

Машинско-енергетски техничар

Машинско-енергетски техничар е насока која образува кадри кои ќе бидат способни да избираат соодветни материјали за проектирање на производи, проектирање на сите видови на системи на централно греење и управување со процесите кои се случуват со нив.Овие техничари пректираат разни видови на термоенергетски и хидроенергетски постројки, разни видови на пневматски и гасни постројки, учествуваат во контрола на квалитетот. Со завршување на четиригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање – Машинско-енергетски техничар.

Предмети што се изучуваат во овој профил по години:

I      II      III      IV

 

Tехничар за компјутерско управување

Техничар за компјутерско управување e образовен профил на кој се изучуваат компјутерски програмски пакети за 3D моделирање, се изработуваат модели на машински елементи, подсклопови и склопови, проектирање и управување со компјутерски управувани машини, изработување на компјутерска симулација на технолошки процеси. Со завршување на четиригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање –Техничар за компјутерско управување.

Предмети што се изучуваат во овој профил по години:

I      II      III      IV