Home » Струки » Електротехничка

Електротехничка

Електротехничар-енергетичар

Електротехничар-енергетичар e насока во чии рамки се образуваат стручни кадри потребни за работа во областа на производство и дистрибуција на електричната енергија. Со диплома од оваа насока може да се најде работа во термо и хидроелекрани, во елекртродистрибуција, како и во фабрички комплекси за одржување на трафостаници и во фирми кои се занимаваат со трговија на опрема потребна за производство и транспорт на електричната енергија.

Со завршување на четиригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање – Електротехничар-енергетичар.

Предмети што се изучуваат во овој профил по години:

I      II      III      IV

 

Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Електротехничар за компјутерска техника и автоматика е насока која образува техничари за работа со хардвер и софтвер, односно техничари кои се занимаваат со одржување на електрониката на самиот компјутер. Денес се живее во време на експанзија на компјутерите кои наоѓаат примена во сите општествени дејности, па затоа ова занимање е многу атрактивно и можностите за вработување се големи. Со завршување на четиригодишното образование,учениците се стекнуваат со звање-Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

Предмети што се изучуваат во овој профил по години:

I        II       III       IV