Home » Активности (Page 17)
Активности
Во ОСТУ „Наце Буѓони” доделени наградите од 56-тиот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна Македонија
Почитувајќи ги мерките и Протоколот на Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести на ден 20.01.2021 година во средното општинско училиште „Наце Буѓони”, општина Куманово свечено се доделија дипломите и медалите на наградените ученици од 56-тиот Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија – НАУКА НА МЛАДИ за ученици и ментори од средните училишта од Кумановскиот регион во организација на Сојузот на здруженија на младите истражувачи на Македонија – НАУКА НА МЛАДИ и НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА и домаќин на настанот Народна техника Куманово и ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово и директорот Драган Јаневски.
Новогодишна 3Д честитка од учениците во ОСТУ „Наце Буѓони”
ОСТУ „Наце Буѓони” ви ја честита Новата 2021 година со 3Д честитки изработени од учениците на предметот Компјутерско моделирање и конструирање. (more…)
Имате стар телефон/компјутер/лаптоп? Можете да го подарите за некого кому му е навистина потребен
Покренуваме иницијатива за собирање на стари електронски уреди за следење на настава: смарт телефон, лаптоп, таблет и компјутер, кои ќе бидат поделени на ученици од училиштето ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово. (more…)
Можност да бидете хумани!
Почитувани професори, ученици, родители, граѓани,
започнуваме со собирање на донации за семејството Драгишевски.
Oдржана онлајн работилница на тема: Помош во зачувување на емотивно и ментално здравје на учениците за време на КОВИД-19
Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово во партнерство со ССОУ „Коле Неделковски“- Велес успешно ја реализираше првата онлајн работилница на тема: Помош во зачувување на емотивно и ментално здравје на учениците за време на КОВИД-19. (more…)
Продолжува имплементацијата на проектот #3forECO
Во периодот од 29.01.2020 до 01.02.2020 нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“ со своја делегација присуствуваше на церемонијата за потпишување на меморандумот за соработка на еколошко-културен проект во Травник, Р. Босна и Херцеговина. (more…)
Пријава за пријавување на вонредни испити
Потребната пријава може да ја преземете тука.