Home » Активности (Page 22)
Активности
Ученици од „Наце Буѓони“ учествуваа во емисија на тема „За подобро ментално здравје“
Учениците од нашето училиште „Наце Буѓони“ учествуваа во емисија на Радио Бум, која следуваше после неколку одржани работилници на истата тема „За подобро ментално здравје“ . (more…)
Соопштение за вонредни ученици кои се на завршен испит
На вонредните ученици од завршна година кои завршиле со полагање, дипломите од завршен испит ќе им бидат поделени на 03.07.2019 г во 9ч во просториите на училиштето.
Распоред за полагање на испити во ЈУНСКА испитна сесија за редовни и вонредни ученици
Распоредот за полагање на испити во ЈУНСКА испитна сесија за редовни и вонредни ученици може да го погледнете тука.
TECHNOSCIENCE по 8-ми пат во Наце Буѓони
Нашето училиште ОСТУ„Наце Буѓони“ по повод 24 Мај – Денот на просветителите по осми пат го организираше традиционалниот технички саем „TEСHNOSCIENCE 2012“ на трудови, вештини и знаења кај деветооделенците. (more…)
Наце Буѓони по 7ми пат на фестивалот во Ниш ,,Наук није баук”-11
Учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово земаа учество на фестивалот ,,Наук није баук” кој по единаесети пат, се одржа на Електронскиот факулет ,,Никола Тесла” во Ниш, Србија на 24 и 25 Мај.
Во рамките на Проектот МИО реализирана уште една активност со ССОУ „Коле Неделковски“- Велес
Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово во партнерство со ССОУ „Коле Неделковски“- Велес успешно реализираше уште една од многубројните активности кои се реализираат шеста учебна година по ред. (more…)
Одбележeн ,,Интернационалниот ден на сестринството”
По повод Интернационалниот ден на сестринството, учениците од ОСТУ,,Наце Буѓони” од здравствена струка заедно со професорките по практична настава присуствуваа на манифестацијата организирана од Здружението на медицинските сестри и акушерки. (more…)
Ученици од “Наце Буѓони” во посета на едукативниот “Изложбен центар Матка”
На 24.04.2019г. учениците од нашето училиште од III – та година во образовниот профил електротехничар – енергетичар беа во посета на “Изложбениот центар Матка” кој е во сопственост на компанијата “ ЕВН – Македонија”.
“Наце Буѓони” најдобри во струката на Државен натпревар
На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Северна Македонија, кој се одржа на 3 мај по 38-ми пат во СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола, нашето училиште постигна извонредни резултати. (more…)