На 20.02.2026 (петок) во нашето училиште во соработка со Хуманитарно здружение “Мајка” се одржа едукативна работилница со ученици на тема „Намалување на корупцијата во здравството“, со цел подигнување на свеста кај младите за значењето на интегритетот, етиката и транспарентноста во здравствениот систем.
На работилницата учествуваа ученици од четврта година-здравствена струка, кои преку интерактивни активности, дискусии и практични примери имаа можност да се запознаат со поимот корупција, нејзините последици врз здравството и улогата на институциите за спречување на корупцијата.
Работилницата им овозможи на младите активно да размислуваат за својата улога како идни граѓани и професионалци, нагласувајќи дека промените започнуваат со личен интегритет и одговорност.
Настанот заврши со порака дека образованието и информираноста се клучни алатки во борбата против корупцијата и во градењето праведен и ефикасен здравствен систем.





