Home » Активности » Ученици » „Еко-училиште“

„Еко-училиште“

Ученичката Анастасија Бојковска од 3 година  во нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони”, освои второ место во категорија најдобра фотографија/фотосторија на интернационалниот натпревар на млади репортери во 2014 година во кампањата “Помалку отпад“.

,,Наместо да чекориме по чиста и зелена површина ние се сопнуваме од отпад и ѓубре на секој чекор. Да поставиме нова подлога за чекорење и да имаме чиста и здрава средина.

000

,,Ѓубре,отпад,чад ,непријатни миризби насекаде околу нас. Да ја смениме оваа слика која секојдневно ја гледаме и да вдишеме чист и свеж воздух од чиста природа.

00000

,,Не испалнираното градење на фабрики во близина на паркови и шуми,со нивно испуштање на чадови и отпад од произведените материјали доведува до изумирање и уништување на дрвјата и тревата. Да ја смениме оваа слика која секојдневно ја гледаме и да ги заштитиме нашите снабдувачи на чист воздух.”

0101

 

,,Намуртени изрази на лицето на младите,кои посакуваат средина во која ќе уживаат во своите млади години и ќе се забавуваат е постојана околу нас. Да ја смениме ваквата ситуација и да почнеме нов начин на живеење.

056

Кампањата „Помалку отпад“ од програмата млади репортери за животната средина е интернационална кампања во која се вклучени 15 земји, а се спроведе во Македонија по втор пат. Оваа година, на двата интернационални натпревари  учество земаа 155 новинарски дела од 22 земји. Победниците на двата натпревара беа избрани од страна на интернационална комисија.
Програмата „Млади репортери за животната средина“ претставува составен дел од програмата „ Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.