Имплементирање на современите програми во наставата ја зголемија потребата од додатно усовршување на наставниот кадар и учество на истите во разновидни активности:
–Програма за соработка со:локална самоупправа, НБО сектор, ОБСЕ
–СЕА проект: учење во училница на наставникот му се дава можност за развивање на неговата компетентност за активна настава во училница, учење преку проекти наставникот совладува стратегии за истражување и соработка со учениците, учење преку заедница развој на креативноста на наставниците за поврзување на своето училиште со локалната заедница, учење преку работа развој на вештини на наставниците за поврзување на наставата конкретно извршување определени задачи.
-Е школо: обука на наставници за примена на информатичко-комуникациска технологија во наставата.
-Проект за модернизација на образованието: обука на наставници за користење на информатичка технологија и нивно директно вклучување во осовременување и модернизирање на образованието.
-Програма за образование на Роми:менторски систем за помош при учење и социјализација на Ромите.
-Проект “На пат кон почит и разбирање”:проект за промена на климата и културата во училиштето преку компентенција за акција на ученици преку подршка од наставници и родители.
-Обука на наставниците во рамките на проектот “Компјутер за секое дете”: струцни усовршувања на наставниците организирани од Биро за развој на образование и Центар за стручно образование.