На 16.09.2016 година нашето училиште „Наце Буѓони“ повторно ќе биде домаќин за тестирањето на учениците од Куманово за YES програмата. Освен кумановските, тест по англиски јазик ќе полагаат и ученици од другите градови од регионот.
Учениците со стипендијата ќе добијат една година престој во Америка и ќе бидат сместени во домаќин-семејства . Тестирање ќе се врши во четири центри во државата и тоа во Штип, Струга, Куманово и Скопје.
Оваа стипендија е навистина престижна и за неа можат да аплицираат ученици од прва и втора година средно, но и лицата со посебни потреби. Целта на оваа стипендија е учениците да бидат наши амбасадори и да ја презентираат македонската култура во Америка.