Home » Активности » Одбележана ,,Недела на стари лица”

Одбележана ,,Недела на стари лица”

По повод Недела на стари лица, учениците од трета и четврта година од здравствената струка беа на посета во Домот за стари лица „Зафир Сајто“. 

Учениците од четврта година презентираа за превенција и справување со најчестите заболувања кај постарата популација.

Учениците од трета година учествуваа во мерење на крвен притисок и гликемија, и даваа топли препораки и понатамошни совети.

Со Домот  за стари лица ,,Зафир Сајто” Куманово, нашето училиште има склучено меморандум за соработка, каде учениците обавуваат дел од својата практична настава и учење преку работа кај работодавец.

Учениците им поделија честитки кои ги изработија самите на корисниците на домот, под мотото “Да се грижиме за оние кои некогаш се грижеле за нас, е една од највисоките привилегии”

Целта на активноста е дружбата со стари лица и насочување на вниманието на нивните потреби и права.

Ние продолжуваме со грижа и нега на оние кои еднаш се грижеле за нас.