Home » Активности » Одржана обука во рамките на проектот „Здрави врски-основа за ментално здравје“

Одржана обука во рамките на проектот „Здрави врски-основа за ментално здравје“

Во Охрид од 25 до 28 .03.2026 година се одржа обука во рамките на проектот „Здрави врски-основа за ментално здравје“, во организација на здружението Доверба Куманово, а со поддршка од Екуменска иницијатива жена Омиш Хрватска. 

На обуката учествуваа 24 ученички, професорки и претставнички од стручната служба од ОСТУ „Наце Буѓони“ и Гимназија „ Гоце Делчев“ Куманово и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид.

Од нашето училиште учествуваа ученичките: Лана Крушиќ, Лана Манасиевска, Сара Димковска и Теодора Николовска.

Се работеа теми како личен развој, препознавање здрави/токсични односи, поставување здрави граници, градење самодоверба, комуникација и справување со општествени притисоци. Особено значајно е што учесничките ќе преземат активна улога како врснички едукатори и лидери во своето училиште пренесувајќи знаење, охрабрување и поддршка на своите врсници , но и активности со родители и наставници.

На обуката ученичките преку изработка на стикери и видео по свое сценарио испратија јасни пораки:

-Секој заслужува да се чувствува безбедно, почитувано и вреднувано

-Силата започнува со свесност

-Здравите врски градат здраво општество