По повод одбележување на Христијанскиот празник Прочка, во ССОУ ,,Коле Неделковски “ од Велес, како меѓуучилишна и меѓународна активност, беше распишан конкурс под мотото ”Маскава е мое дело”. Нашето училиште зема две награди во конкуренција од 114 учесници.
Од ,,Наце Буѓони“ учество земаа 20 ученици под менторство на професорката Тања Соларска – Темелковски. Добитници на наградите се: ученичката Марија Смиљковска од класот I-9 со маска ”Баба” – ПРВА НАГРАДА и ученичка Бисера Стојковска одкласот I-8 со маска ”Индијанка” – ВТОРА НАГРАДА.
Учениците ја покажаа својата креативност и зрелост преку изработените маски.