Home » Активности » Проект „Хепенинг на здравјето“

Проект „Хепенинг на здравјето“

Учениците и вработените од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово, училиште во кое  се изведува настава на македонски и албански наставен јазик по  повод 7 Април Светски ден на здравјето направија настан „Хепенинг на здравјето“ кој беше поддржан од фондот „Градиме мостови“.

Мерењата на крвен притисок и гликемија во крвта се направат на 10 пункта ( 5 за мерење на крвен притисок и 5 за гликемија во крвта), на секој имаше по 4 ученика ( 2 машки и 2 женски и тоа по 2 од македонска и албанска заедница).

Креатори и главни носители на настанот беа учениците и наставниците од здравствена струка – профил медицинска сестра кои учат на македонски и албански наставен јазик. Активностите се спроведоа на гратскиот плоштад во Куманово каде се направи мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на граѓаните и се дистрибуира едукативен материјал за заштита на здравјето.

1111

 

Едукативниот материјал беше подготвен од страна учениците заено со нивните професори по практична настава на тема превенција од хипертензија и хипотензија, превенција од хипергликемија и хипогликемија како и за штетното влијание на алхохол, никотин и наркотичните средств. Истиот беше испечатен на македонски и албански јазик  и се дистрибуираше на гратскиот плоштад за време на хепенингот на граѓаните и на учениците од другите средни училишта кои учествуваат на маршот.

Маршот се спроведе од Градски плоштад до кејот на реката Кумановка и на него учествуваа ученици од училиштето и  други средни и основни училишта во Куманово како и граѓаните на Куманово без разлика на нивната возраст, пол и етниочка припадност. На маршот се носеа транспаренти на кои беа испишани пораки за здрав живот.

222222

 

На самиот кеј се организираше музички настан на кој во живо настапија младински бендови и младинскиот хор при училиштето. Имаше песни на македонски, албански и англиски јазик.

Истовремено се изведуваа и рекреативни вежби со јаже, топки и хулакопи од страна на присутните ученици под раководство на професорите по Спорт и спортски активности од училиштето.

Capture

На настанот присуствуваа: и Г-дин Ралф Брет – амбасадор на мисијата на ОПСЕ од канцеларијата во Скопје, Г-дин Зоран Дамјановски – Градоначалник на општина Куманово, преставници нана ОПСЕ од канцеларијата во Куманово, МВР, директори на училишта од градот и преставници на Локална самоуправа. Како почесен гостин настапи и пеачката Аделина Тахири  како член на   советодавно тело на фондот „Градиме мостови“ и промотор на проектот.

Capture

Сите активности беа медиумски покриени од локалните телевизии: ТВ Нова, ТВ Хана  и електронскиот весник Kumanovonews.

Со овој проект сметаме дека дадовме  допринос за зголемување на меѓуетничката интеграција во нашето училиште, другите средни училишта и целокупната заедница како и видливост на 7 Април Светски ден на здравјето.