Во сабота,17 октомври,во Домот за стари лица,,Зафир Сајто” од нашиот град се одржа културен хепенинг под наслов ,, Спој на генерации” како дел од проектот ,, Културно лето” на центарот за рурален развој,,Бујрум”
Настанот создаде простор во кој искуството на повозрасните и креативноста на младите се сретнаа и се дружеа во духот на заемна почит,внимание и споделени вредности.Во збогатувањето на културно- уметничката програма учество земаа и матурантите од нашето училиште : Ева Цветановска,Ивана Младеновска,Ангелина Симоновска,Теодора Николовска и Ивана Петровска,сите од lV7клас под менторство на проф.Лидија Цветкова!







