Home » Активности » Училиште како простор на мир и разбирање 

Училиште како простор на мир и разбирање 

Нашето училиште континуирано вложува во развојот на кадар и унапредување на училишната клима. Во таа насока дел од стручната служба, педагог Катрин Михајловиќ и дефектолог Симона Трајковска учествуваа на Базичниот тренинг за Мировно образование, реазлизиран од Првата детска амбасада Меѓаши во соработка со Министерство за образование и наука во период од 4 до 7 февруари 2026 година во Дојран.

Тренингот опфати практични и интерактивни содржини поврзани со градење ненасилна комуникација, конструктивно справување со конфликти, препознавање на ризици од насилство и јакнење на соработката и тимскиот дух во образовната средина.

Програмата претставуваше можност за продлабочување на професионалните компетенции, но и за отворена размена на мислења со колеги и претставници од МОН и БРО, со фокус на актуелните предизвици во образованието и можните решенија.

Стекнатите знаења и искуства ќе бидат применети во секојдневната наставна пракса со цел создавање поддржувачка, безбедна и инклузивна средина за сите ученици.