Home » За нас » Патронат » Шаховски турнир по повод патрониот празник на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово

Шаховски турнир по повод патрониот празник на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово

*Шаховски турнир по повод патрониот празник на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово*
На 15 октомври 2026 година, по повод патрониот празник на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово, се одржа шаховски турнир на кој учествуваа 28 ученици. Преку повеќе кола на натпреварување, учениците ги покажаа своите логичко размислување, концентрација, трпеливост и стратегиски способности.
Во второто коло продолжија 14 натпреварувачи, а најуспешните се изборија за пласман во завршницата на турнирот.
Конечниот пласман беше следниот:
🥇 Прво место – Бодан Курчински
🥈 Второ место – Лео Митевски
🥉 Трето место – Петар Станковски
Четврто место – Ангел Димковски

ОСТУ „Наце Буѓони“ посветува особено внимание на интересите и талентите на своите ученици, препознавајќи ја важноста на нивниот развој и надвор од редовната настава.
image_1 image_2 image_3 image_4 image_5
Преку ваквите активности, училиштето ги поддржува, охрабрува и мотивира младите да ги развиваат своите способности, да ја градат самодовербата и да се стремат кон нови успеси. Горди сме на заинтересираноста, ангажираноста и ентузијазмот на нашите ученици, кои се поттик за продолжување на активностите што го збогатуваат училишниот живот и создаваат можности за лична афирмација и развој.