Home » Активности » ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации

ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации

Нашите ученици учествуваат во активностите во рамки на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации, во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид.
bc9858a1-f1cd-44f4-8776-fd0270b1f4e5


Преку интерактивна и групна работа, младите ги препознаваат локалните предизвици, ги споделуваат своите идеи и учат како од проблем да стигнат до конкретно решение и прв чекор за акција. Особено ни е драго што нашите ученици се дел од процес што ги охрабрува да бидат активни, креативни и вклучени во развојот на својата заедница. fc2fd1f2-aebd-4440-8acd-b15a59f5be2e
🥇
🥇
Од нашето училиште со прво место се закитија учениците Леонтина Милковска III8,Леонтина Цветановска III8 и Теодор Трајановиќ IV7,а четврто место учениците Сара Даниловска III 7,Јана Марковска III7, Лела Недељковиќ I9 и Ива Милковска I9.
9fd20b28-e3fa-473b-8a07-86db2300411d
Учениците кои го освоија првото место продолжуваат со својата идеја и решение за својот град во Скопје. #ЛАПСИ #Млади #МладинскоУчество #ProjectBOOST #BOOSTtheBalkans