Нашата стручна служба, претставена од дефектологот и психологот на училиштето, учествуваше на тридневната регионална обука која се одржа во Куманово, во периодот 17–19 август.
Обуката беше посветена на унапредување на знаењата и вештините за превенција од употреба на дроги кај младите, преку современи, научно засновани и практични пристапи. Преку интерактивни активности, размена на искуства и примена на современи методи, учесниците имаа можност да стекнат дополнителни знаења и компетенции кои ќе придонесат кон создавање безбедна, поддржувачка и превентивно ориентирана училишна средина.
Како училиште продолжуваме со вложување во професионалниот развој на нашиот кадар и јакнење на стручните капацитети во интерес на нашите ученици.





