Home » Articles posted by Marija Krstevska (Page 2)
Author Archives: Marija Krstevska
ИНФОРМАЦИИ за ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово
Вонредни ученици се лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање испити по одреден план и програма во средното училиште. (more…)
„Наце Буѓони“ – добитник на Еразмус + проектот од областа на електроенергетиката
Општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово доби грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за реализација на проект под името: „Стручно образован кадар-темел на современата индустрија – Professionally Educated Staff-Foundation of the Modern Industry“ од програмата Еразмус +, Клучна акција 1: Мобилност на поединци за целите на учење. (more…)
Известување за почетокот на новата учебна година
Почитувани ученици,
Учебната 2022/2023 година започнува во четврток, на 01.09.2022 година.
Учениците од прва и трета година треба да се во училиштето во 7.00 часот. Учениците во втора и четврта година треба да се во училиштето во 13.00 часот.
Директорот и Наставничкиот колегиум Ви посакуваат среќен почеток и успех во новата учебната година!
Самоевалуација на ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово
Самоевалуацијата на ОСТУ „Наце Буѓони” за второто полугодие на учебната 2019/20, учебната 2020/21 и првото полугодие од учебната 2021/22 година може да ја погледнете тука.
Ранг-листи од трето пријавување во првиот уписен рок во ОСТУ „Наце Буѓони”
Ранг-листата на примени ученици во I (прва) година во учебната 2022/2023 година за: (more…)
Ранг-листи од второ пријавување во првиот уписен рок во ОСТУ „Наце Буѓони”
Ранг-листата на примени ученици во I (прва) година во учебната 2022/2023 година за: (more…)
Техничар за индустриска мехатроника
Образовниот профил „Техничар за индустриска мехатроника” е базиран на германскиот модел на дуално стручно образование при што посебен акцент се става на практичната обука што ќе се спроведува во компанијата ДРЕКСЛМАЈЕР.
Со овој образовен профил се интегрираат знаења, вештини и компетенции од областа на електрониката, машинството и информатиката. Техничарот за индустриска мехатроника наоѓа примена во повеќе индустриски гранки особено каде што има автоматизација на производните процеси.
Исто така, ќе може да извршува работни задачи како: Електротехничар за автоматски и контролни системи, Техничар за процесна автоматика, Техничар за роботика и интелигентни системи, Електротехничар за комуникации, мерења и управување во електроенергетиката, Оператор на електрични машини и електромоторни погони, Оператор на компјутерски управувани системи, Оператор на технологијата на обработка на метали со деформација и режење и на други работни места, согласно со квалификацијата.