По повод месецот на книгата – октомври и јубилејот 60 години од постоењето на установата, Библиотека ,,Тане Георгиевски” – Куманово, распиша литературен и ликовен конкурс на државно ниво. Ликовниот конкурс беше на тема ”Насликав настан”.
Во среда (09.12. 2015г.) во просторите на Средното техничко училиште ,,Коле Неделковски” во Велес беше промовиран Туристички водич што заеднички го изработија учениците од ,,Коле Неделковски”- Велес и ,, Наце Буѓони” – Куманово .
Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија. Оваа година се одржува по втор пат, а за прв пат учество земаа и ученици од нашето училиште ,, Наце Буѓони” од електротехничката и здравствената струка.
Дневниот центар за престој на лицата со интелектуална попреченост „Порака наша“ по повод девет години постоење додели признание на директорката на нашето училиште, Лидијa Михaјлoвскa кое гласи:
По повод Светскиот ден на науката, во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, на 10 Ноември се одржа петтата по ред изложба на иноваторски проекти и експонати на млади научници, под мотото „Квалитетно образование – наука за одржлива иднина за сите”.
Нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” ја имаше честа да ги претстави трудовите од учениците Милан Поповски и Дамјан Петровски:“Мешалка на обоени раствори” и “Модел на Холограм”.
Заради успешните резултати постигнати на учениците од нашето училиште на државните натпревари, на покана од Народна техника – Куманово, добија можност да учествуваат во емисијата Голем одмор на МРТВ каде ги претставија своите иновативни проекти “Мешалка на обоени раствори” и “Модел на Холограм”.
Како изгледаше нивното претставување можете да погледнете тука:
На ден 28.10. 2015 година, во Куманово, нашето училиште ,,Наце Буѓони” потпиша меморандум за соработка со техничкото училиште Mostem од градот Manisa, Република Турција.