Home » Articles posted by Јелена Димовска (Page 6)

Author Archives: Јелена Димовска

Прво место на Меѓународен натпревар за фотографија

Ученикот Дарио Каролија од прва година  во нашето училиште  ОСТУ ,,Наце Буѓони” освои прво место на Меѓународен натпревар за фотографија на тема ,,Светлината на нашата перцепција” кој се одржа во Велес по повод Патрониот празник на ССОУ ,,Коле Неделковски “ на 17.12.2014 година.

(more…)

Кабинет медицина

Во овој кабинет се реализира практичната настава за II година од здравствената струка, за профилот медицинска сестра. Се врши обука за водење на медицинска документација, ракување со медицинска апаратура, инструменти и средства за работа, додека пак професионалното оспособување се реализира во реални услови во болница.

(more…)

Кабинет за автоматика и компјутерско управување

Овој кабинет е комплетно опремен со компјутерска опрема, и во него се реализираат часовите по практична настава од насоката – Компјутерска техника и автоматика и насоката – Техничар за компјутерско управување. Се изработуваат вежби од хардвер на компјутерските системи, програмирање на програмабилни логички управувачи (PLC) и поврзување со влезно-излезни уреди, симулација на примери за автоматско управување.

(more…)

Кабинет за компјутерска техника и електроника

Овој кабинет е комплетно опремен со компјутерска опрема, и во него се реализираат часовите по практична настава од насоката- Компјутерска техника и автоматика. Се обработуваат вежби за хардвер на компјутерските системи, програмирање, дизајнирање и уредување на Web страни,одржување на компјутерски мрежи, како и вежби за мерење и проверка на исправност на сите видови на електронски елементи.

(more…)

Кабинет по информатика

Во овој кабинет се изведува настава по наставниот предмет информатика од сите насоки и е еден од најстарите кабинети во училиштето. Опремена е со современа компјутерска опрема и софтверски пакети потребни за реализација на предметот.

Исто така, тука се реализираат и часовите по техничко цртање со нацртна геометрија и AUTO CAD.

(more…)

Кабинет за електрични апарати и уреди

Кабинетот е опремен со разни видови на конектори за изведба на индустриски инсталации и пуштање на електрични мерни апарати, за мерење на електрични трансформатори , а има и разни видови на  електрични апарати за домаќинство.

(more…)

Кабинет за електрични машини

Овој кабинет има комплетно  спремни работни места за изведување индустриски инсталации со разни видови инструмени за мерење на електрични големини , разни видови на електрични елементи.

Кабинет за електрични инсталации

Кабинетот има комплетно спремни работни места со електрочен алат, инструменти за испитување на непрекинатост, како и инструменти за мерење на електрични елементи .

(more…)

MAKИНOВA 2015

Минатата недела од 13-ти до 17-ти октомври се одржа 41-ва по ред меѓународна саемска манифестација, ТЕХНОМА 2015, а дел од оваа манифестација зазема и изложбата на пронајдоци, технички унапредувања и творештво на млади – MAKИНOВA 2015. На оваа изложба за иновации учествуваа ученици од нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” и освоија сребрени медали за своите трудови. (more…)

Зошто да се запишете во Наце Буѓони?

(more…)