Home » Активности » Натпревари (Page 4)

Натпревари

Се одржа тестирање за YES програмата

На 16.09.2016 година во нашето училиште „Наце Буѓони“ се одржа тестирање на учениците од Куманово за американска стипендија од YES програмата и една година престој во Америка. Освен кумановските, тест по англиски јазик полагаа и ученици од другите градови од регионот. (more…)

Успеси на учениците од Наце Буѓони за учебна 2015/2016

Се ближи 1ви Септември, првиот училишен ден, со што ќе започне уште една учебна година. Додека и учениците и професорите се подготвуваат за почеток на учебната 2016/17, да се потсетиме на успесите постигнати во претходната учебна 2015/16 на учениците од нашето училиште ОСТУ,,Наце Буѓони”, а воедно и да им посакаме уште поголеми успеси.

Постигнати успеси за учебна 2015-2016

Tри први места во струката на Државен натпревар

На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Македонија, кој се одржа на 6 мај по 35-ти пат во Струмица, нашето училиште постигна извонредни резултати. (more…)

Собрани сите медали на 52-ри ,,Државен натпревар на младите истражувачи”

​На 23 април 2016 година ученици од ОСТУ,,Наце Буѓони” учествуваа на 52-ри ,,Државен натпревар на младите истражувачи” од Република Македонија кој се одржа во СУГС ,,Јосип Броз Тито”- Скопје.

Ученици кои земаа учество и награди се: (more…)

Образовно рандеву 2016

На 22 и 23 април 2016 година ученици од ОСТУ,,Наце Буѓони” учествуваа на десета по ред манифестација ,,Образовно рандеву” која се одржа во СЕТУГС ,,Михајло Пупин”- Скопје. (more…)

Прва и втора награда на конкурс под мото ”Маскава е мое дело”

По повод  одбележување на Христијанскиот празник Прочка, во ССОУ ,,Коле Неделковски “ од Велес, како меѓуучилишна и меѓународна активност, беше распишан конкурс под мотото ”Маскава е мое дело”. Нашето училиште зема две награди во конкуренција од 114 учесници.

(more…)

Освоени награди на литературен конкурс во Велес

На литературниот конкурс одржан по повод Патрониот празник на училиштето ССОУ,,Коле Неделковски” од Велес, ученици од нашето училиште освоија две I-ви и едно II-ро место. (more…)

Учество на натпреварот ,,Лидер на струка”

Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија. Оваа година се одржува по втор пат, а за прв пат учество земаа и ученици од нашето училиште ,, Наце Буѓони” од електротехничката и здравствената струка.

(more…)

Гостување во емисијата Голем одмор на МРТВ

Заради успешните резултати постигнати на учениците од нашето училиште на државните натпревари, на покана од Народна техника – Куманово, добија можност да учествуваат во емисијата Голем одмор на МРТВ каде ги претставија своите иновативни проекти  “Мешалка на обоени раствори”  и  “Модел на Холограм”.

Како изгледаше нивното претставување можете да погледнете тука:

(more…)

Прво место на Меѓународен натпревар за фотографија

Ученикот Дарио Каролија од прва година  во нашето училиште  ОСТУ ,,Наце Буѓони” освои прво место на Меѓународен натпревар за фотографија на тема ,,Светлината на нашата перцепција” кој се одржа во Велес по повод Патрониот празник на ССОУ ,,Коле Неделковски “ на 17.12.2014 година.

(more…)