Home » Активности » Најдобрите трудови беа презентирани пред Претседателот на РМ

Најдобрите трудови беа презентирани пред Претседателот на РМ

Ученици и наставници од нашето училиште ,,Наце Буѓони” беа поканети да присуствуваат на прославата по повод јубилеј 70 години на СЗТКМ – Народна техника на Македонија која се одржа во Дом на АРМ во Скопје, на 16 декември 2016 година.

Покровител на прославата бешеПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, пред кого нашите ученици имаа чест да ги претстават своите наградени трудови и проекти.

 

 

На оваа манифестација Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов додели признание ,,Повелба на Република Македонијаˮ на Претседателот на СЗТКМ – Народна техника, г-дин Зоран Тодоров.