Home » Кабинети » Електротехнички

Електротехнички

Кабинет за автоматика и компјутерско управување

Овој кабинет е комплетно опремен со компјутерска опрема, и во него се реализираат часовите по практична настава од насоката – Компјутерска техника и автоматика и насоката – Техничар за компјутерско управување. Се изработуваат вежби од хардвер на компјутерските системи, програмирање на програмабилни логички управувачи (PLC) и поврзување со влезно-излезни уреди, симулација на примери за автоматско управување.

(more…)

Кабинет за компјутерска техника и електроника

Овој кабинет е комплетно опремен со компјутерска опрема, и во него се реализираат часовите по практична настава од насоката- Компјутерска техника и автоматика. Се обработуваат вежби за хардвер на компјутерските системи, програмирање, дизајнирање и уредување на Web страни,одржување на компјутерски мрежи, како и вежби за мерење и проверка на исправност на сите видови на електронски елементи.

(more…)

Кабинет по информатика

Во овој кабинет се изведува настава по наставниот предмет информатика од сите насоки и е еден од најстарите кабинети во училиштето. Опремена е со современа компјутерска опрема и софтверски пакети потребни за реализација на предметот.

Исто така, тука се реализираат и часовите по техничко цртање со нацртна геометрија и AUTO CAD.

(more…)

Кабинет за електрични апарати и уреди

Кабинетот е опремен со разни видови на конектори за изведба на индустриски инсталации и пуштање на електрични мерни апарати, за мерење на електрични трансформатори , а има и разни видови на  електрични апарати за домаќинство.

(more…)

Кабинет за електрични машини

Овој кабинет има комплетно  спремни работни места за изведување индустриски инсталации со разни видови инструмени за мерење на електрични големини , разни видови на електрични елементи.

Кабинет за електрични инсталации

Кабинетот има комплетно спремни работни места со електрочен алат, инструменти за испитување на непрекинатост, како и инструменти за мерење на електрични елементи .

(more…)