Home » Кабинети » Машински

Машински

Кабинет по информатика

Во овој кабинет се изведува настава по наставниот предмет информатика од сите насоки и е еден од најстарите кабинети во училиштето. Опремена е со современа компјутерска опрема и софтверски пакети потребни за реализација на предметот.

Исто така, тука се реализираат и часовите по техничко цртање со нацртна геометрија и AUTO CAD.

(more…)

Машински кабинет

Кабинетот е опремен со: опрема за мерење и цртање, графоскоп, илустративни постери и слики со машински цртежи, макети на бензински и дизел мотори, водни пумпи, турбини и современа опрема за одржување на настава.

(more…)

Кабинет за хидраулика, пневматика и термотехника

Кабинетот е опремен со: опрема за поправка и монтажа на клима уреди, опрема за поправка и монтажа на хидраулична и пневматска инсталација, макета на ладилен уред, макета на автомобил во размер 1:1 и современа опрема за одржување на настава.

(more…)

Кабинет за техничко цртање и AutoCad

Кабинетот е опремен со: дваесет работни места за цртање во AutoCad, LCD проектор, графоскоп, принтер и современа опрема за одржување на настава.

(more…)

Кабинет за компјутерско моделирање

Кабинетот е опремен со: петнаесет работни места за моделирање во SolidWorks, LCD проектор и современа опрема за одржување на настава

(more…)

Кабинет за машинска обработка

Кабинетот е опремен со:  четири универзални струга, една универзална глодалка, рендосалка, ексцентар преса и столна брусалка.

(more…)

Кабинет за рачна обработка на метали и изработка на констукции

Кабинетот е опремен со: дваесет и четири целосно опремени работни места за рачна обработка на метали, една столбна дупчалка и две столни дупчалки, апкан во должина од 1m, рачна ножица со лост, рачна ножица во должина од 1m, сит машина, опрема за лемење, наковална и опрема за мерење.

 

(more…)

Кабинет за изработка на алуминиумска столарија

Кабинетот е опремен со работна маса, полуавтоматска машина за сечење, рачна машина за сечење (циркулар), копир глодалка, полуавтоматска фреза за челна обработка, магацин за складирање на репроматеријал и соодветна опрема за заштита на животна средина и лични заштитни средства.

(more…)

Кабинет за заварување и заварени конструкции

Кабинетот е опремен со: четири кабини за заварување опремени со подвижни маси (манипулатори) и вентилација, РЕЛ апарат за заварување, МИГ/МАГ апарат за заварување, ТИГ апарат за заварување, опрема за гасно заварување и лемење, апарат за електроотпорно точкасто заварување и соодветна опрема за заштита на животна средина и лични заштитни средства.

(more…)