Во овој кабинет се реализира практичната настава за II година од здравствената струка, за профилот медицинска сестра. Се врши обука за водење на медицинска документација, ракување со медицинска апаратура, инструменти и средства за работа, додека пак професионалното оспособување се реализира во реални услови во болница.
Во овој кабинет се изведува настава по наставниот предмет информатика од сите насоки и е еден од најстарите кабинети во училиштето. Опремена е со современа компјутерска опрема и софтверски пакети потребни за реализација на предметот.
Исто така, тука се реализираат и часовите по техничко цртање со нацртна геометрија и AUTO CAD.