На 25 април во Куманово се одржа Регионалниот натпревар по македонски јазик и литература. Настанот беше организиран од Сојузот на Друштво за македонски јазик и литература.На самиот натпревар присуствуваа и професори и асистенти од Филолошкиот факултет од Скопје. Како натпреварувачи имаше ученици од основните и средните училишта од општина Куманово,Кратово,Крива Паланка и Ранковце. Нашата ученичка Теодора Петрушевска од IV 8 со освоени 80 поени освои трето место, а со тоа и можност за учество на Државниот натпревар во Скопје.Честитики до Теодора за високите поени,но и на менторот Катерина Пешевска за вложениот труд.
Home » Активности » Голем успех на учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ на регионален натпревар по македонски јазик и литература





