Home » Кабинети (Page 2)
Кабинети
Кабинет за компјутерско моделирање
Кабинетот е опремен со: петнаесет работни места за моделирање во SolidWorks, LCD проектор и современа опрема за одржување на настава
Кабинет за машинска обработка
Кабинетот е опремен со: четири универзални струга, една универзална глодалка, рендосалка, ексцентар преса и столна брусалка.
Кабинет за рачна обработка на метали и изработка на констукции
Кабинетот е опремен со: дваесет и четири целосно опремени работни места за рачна обработка на метали, една столбна дупчалка и две столни дупчалки, апкан во должина од 1m, рачна ножица со лост, рачна ножица во должина од 1m, сит машина, опрема за лемење, наковална и опрема за мерење.
Кабинет за изработка на алуминиумска столарија
Кабинетот е опремен со работна маса, полуавтоматска машина за сечење, рачна машина за сечење (циркулар), копир глодалка, полуавтоматска фреза за челна обработка, магацин за складирање на репроматеријал и соодветна опрема за заштита на животна средина и лични заштитни средства.
Кабинет за заварување и заварени конструкции
Кабинетот е опремен со: четири кабини за заварување опремени со подвижни маси (манипулатори) и вентилација, РЕЛ апарат за заварување, МИГ/МАГ апарат за заварување, ТИГ апарат за заварување, опрема за гасно заварување и лемење, апарат за електроотпорно точкасто заварување и соодветна опрема за заштита на животна средина и лични заштитни средства.