Home » Почетна (Page 26)
Почетна
„Наце Буѓони“ воведе онлајн настава за своите ученици
Наставниците од ОСТУ „Наце Буѓони“, во интензивна комуникација со своите ученици, уште од минатата седмица започнаа со настава преку интернет платформи со таква функција, за сите струки и профили.
Е-училниците наидоа на добар одзив кај учениците, кои во најголем број на случаи успешно ја следат наставата во живо безбедно, во своите домови. Нивните наставници на секој можен начин преку интернет исто така им ги доставуваат потребните материјали за учење, вежбање, одговарање, домашни работи, е-учебници и се што е потребно во вакви специфични услови при опасноста која демне од пандемијата со корона вирусот.
Министерот за образование Арбер Адеми најави и дека од утре, среда 25.03.2020 почнува далечинско учење за сите ученици. Владата воведува прва национална платформа за далечинско учење. Унифицираната платформа е наречена „Е-училница“, а се изработува во моментов од Бирото за развој на образование (БРО) и УНИЦЕФ.
Платформата, чија употреба е едноставна, ќе понуди видео-лекции, односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни лекции. Видео-лекциите ќе бидат од 15 минути и придружени со презентација, нарација и објаснувања од наставник/наставничка.
Е-училницата ќе биде достапна на www.eduino.gov.mk.
СООПШТЕНИЕ ЗА ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ
Одржувањето на испитите за вонредни ученици останува ОДЛОЖЕНО на НЕОДРЕДЕНО време, додека не се створат потребните услови во училиштето.
За термините на одржување на испитите ќе бидете навремено известени, информациите ќе бидат објавени на огласната табла и на веб страната на нашето училиште.
Во “Наце Буѓони” одржани презентации за актуелниот Корона вирус
Во текот на минатата недела во нашето училиште, учениците од здравствена струка под менторство на професорките Магдалена Трајановиќ и Катерина А. Димиќ презентираа теми од актуелниот Корона вирус, како и сезонскиот грип и хепатитис, со цел превенција од овие болести и навремено дијагностицирање. (more…)
Распоред за додатна и дополнителна настава во учебна 2019/2020
Распоредот за додатна и дополнителна настава во учебната 2019/2020 година можете да го погледнете тука.
Годишна завршна сметка за 2019 година
Во прилог ја доставуваме Годишната завршна сметка за 2019 година од ОСТУ ,,Наце Буѓони”. (more…)
Распоред за полагање на ВОНРЕДНИ испити во МАРТОВСКАТА испитна сесија
Распоредот може да го погледнете тука.
Потпишан меморандумот за соработка на еколошко-културен проект во Травник
Во периодот 29.01.2020г до 01.02.2020г нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“ со своја делегација присуствуваше на церемонијата за потпишување на меморандумот за соработка на еколошко-културен проект во Травник, Р.Босна и Херцеговина. (more…)
Успешно продолжува соработката меѓу “Наце Буѓони” и Логинг Електроникс
Меморандумот за соработка меѓу ОСТУ,,Наце Буѓони” и Логинг Електроникс продолжува успешно да се реализира и оваа година. (more…)
Посета на учениците од здравствена струка на ПЗУ ,,Диаверум” Куманово
На 3. 2. 2020 г. учениците од II 8 и II9 клас од здравствена струка беа во посета на ПЗУ ,,Диаверум” Куманово, со цел запознавање на процесот на стерилизација како и самиот процес на хемодијализа и подготовка на здравствениот персонал во асептични услови. (more…)