Home » Uncategorized » ,,Наце Буѓони” со порака за матурантите 2019/2020

,,Наце Буѓони” со порака за матурантите 2019/2020

ДРАГИ НАШИ МАТУРАНТИ, УЧЕНИЦИ НА „НАЦЕ БУЃОНИ“,

Ние, вашите наставници во изминатите 4 години, заедно со директорот на училиштето, и сите вработени, со нетрпение, како и вие, го очекувавме денот на големата прослава на вашата зрелост, денот кога заедно требаше да се радуваме на вашите и нашите заеднички победи и успеси, да си честитаме едни на други за сè што постигнавме заеднички, и да ви посакаме успех во сето она што допрва ќе го постигнувате во иднина.

А за неа, се надеваме дека ќе ви биде убава и светла.

За жал, оваа година условите се такви, а нам пред сè најбитно ни е да сте живи и здрави. За сè друго, во некоја идна прилика.
Но, тоа нема да не спречи и на овој начин да ви честитаме на вашите напори да стигнете до крајот на школувањето во „Наце Буѓони“, да ви посакаме од тука да понесете само убави спомени, и да ви посакаме сè најдобро во животот. Здравје и среќа пред сè. Да знаете дека и во иднина ќе бидеме тука за вас, и за совети, и за поддршка.
Голем поздрав од Директорот, Наставничкиот колегиум и сите вработени во ОСТУ „Наце Буѓони“!