Home » Uncategorized (Page 23)
Uncategorized
Ученици од ,,Наце Буѓони” го одбележаа ДЕНОТ НА ЗДРАВЈЕТО со посета на домот за стари лица
Денот на здравјето, 7 Април, учениците од здравствената струка во нашето училиште традиционално го одбележаа со посета на Домот за стари лица ,,Зафир Сајто” со презентација на презентации направени од учениците од четврта година и мерење на крвен притисок. Учениците беа под менторство на професорките Магдалена Трајановиќ, Мартина Богатиновска и Катерина Арсовска Димиќ. (more…)
Распоред за полагање на вонредни испити во априлска испитна сесија
Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.
Распоред за полагање на вонредни испити во мартовска испитна сесија
Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.
Распоред за полагање на вонредни испити во февруарска испитна сесија
Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ
Утре и задутре, понеделник и вторник (21 и 22.01.2019г.), поради енормната загаденост на воздухот, продолжува зимскиот распуст за учениците.
Наставниот кадар продолжува со работните обврски според утврдената, редовна динамика во училиштето.
Успешно изведена вежба за евакуација во ,,Наце Буѓони”
На 8. 11. 2018 година во нашето училиште, ОСТУ,,Наце Буѓони”, беше изведена вежба за евакуација. Вежбата беше успешно изведена во двете смени според предвидениот план и програма. Одговорен наставник – Мирка Додевска. (more…)
Почеток на новата учебна година
Учебната 2018/2019 година започнува на 03.09.2018 година, понеделник. За учениците од прва и трета година наставата ќе започне во 7:15 часот, а за учениците од втора и четврта година, во 13:15 часот. Наставничкиот колегиум на сите ученици им посакува среќен почеток и многу успех во учењето и работата. Среќно!
Ученици од ,,Наце Буѓони” меѓу најдобрите на националниот MOS натпревар
На националниот натпревар MOS (Microsoft Office Specialist), кој се одржа на 31 Мај во Скопје, седум ученика од нашето училиште се здобија со сертификати и се меѓу најдобрите во нашата држава.
Наградените ученици од ,,Наце Буѓони” на прием кај директорот
Учениците кои оваа година земаа учество на натпреварите од струките и постигнаа голем успех, беа на прием кај директорот на нашето училиште Драган Јаневски.
Иако скромни, воздржани во давањето на важност на сопствениот успех, беше вистинско задоволство да се види радоста на лицата на нашите државни шампиони, прваците, вторите, третите во своите категории, бидејќи нема поголема среќа и лична сатисфакција од успехот постигнат со сопствениот труд, сопствениот умствен и физички напор и сопствената креативност.