Home » Uncategorized » “Наце Буѓони” најдобри во струката на Државен натпревар

“Наце Буѓони” најдобри во струката на Државен натпревар

57451161_279548509588782_7765189167658565632_nНа Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Северна Македонија, кој се одржа на 3 мај по 38-ми пат во СОТУ  “Ѓорѓи Наумов” – Битола, нашето училиште постигна извонредни резултати.

На натпреварот учествуваа 24 стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори, а нашите ученици освоија :

Даниел Јовановски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка (Електротехничар  енергетичар)
Ментор: Александер Цветков

Члирим Месини – II место во теоретско знаење од машинска струка (Техничар за компјутерско управување)
Ментор: Халим Мисини

Србо Николовски – II место во теоретско знаење од машинска струка (Техничар за компјутерско управување)
Ментор: Дафина Митковска, Катерина Ѓорѓиевска, Жаклина Тошиќ

Стефан Тошиќ – III место во теоретско знаење од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Ментор: Виолета Младеновска, Биљана Стојковиќ Спасовска, Стефче Анастасовски

Ана Марија Ковачевска – Пофалница во теоретско знаење од машинска струка (Машинско -енергетски техничар)
Ментор: Предраг Додиќ, Слаѓан Ѓорѓевиќ

Ердем Саити – Пофалница во теоретско знаење од машинска струка (Машинско -енергетски техничар)
Ментор: Рамадан Ќазими

Бојан Божиновски – Пофалница со изработен труд од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Ментор: Јелена Поп Глигорова

Данило Гишевски – Пофалница со изработен труд од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Ментор: Ненад Ставревски

Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење и застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата. Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде  учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта.