Home » Uncategorized (Page 24)
Uncategorized
Ученици од ,,Наце Буѓони” повторно во посета на техничко училиште MOSTEM – Турција
Во периодот од 25 до 29 Април учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово повторно беа во посета на техничкото училиште MOSTEM од градот Маниса, РепубликаТурција.
I-во место на регионалниот натпревар од сообраќајна култура на младите
Ученици од нашето училиште, ОСТУ ,,Наце Буѓони”, се победници на регионалниот натпревар од сообраќајна култура на младите кој се одража денес во ОУ ,,Толи Зордумис”-Куманово. (more…)
Ученици од Наце Буѓони во посета на Клиниката ,,Жан Митрев”
На 11.05.2018 г. нашите ученици од здравствена струка по повод 12 Мај – Денот на сестринството ја посетија Клиниката ,,Жан Митрев”. Таму беа срдечно пречекани од медицинскиот персонал и се запознаа со современите услови за работа во медицината. (more…)
Најдобри учениците од Наце Буѓони во струката на Државен натпревар
На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Македонија, кој се одржа на 4 мај по 37-ти пат во АСУЦ “Боро Петрушевски” – Скопје, нашето училиште постигна извонредни резултати. (more…)
Промоција на прва стихозбирка ,,Ловец на соништа” на ученичката Ана Љубиќ
Нашата ученичка, Ана Љубиќ, од III8 клас имаше промоција на 26ти март на својата прва стихозбирка ,,Ловец на соништа” која содржи 59 песни.
Таа пишува уште од детството и редовно учествува на сите конкурси поврзани со литератирата и пишаниот збор, иако нејзината струка е сосема нешто поразлично. Љубовта е подеднаква со медицината и поезијата, и таа мисли дека двете се сосема се одлична комбинација која нејзе ја исполнува. (more…)
I–место на натпреварот ,,Лидер на струка” освои ученик од профилот електротехничар-енергетичар
Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија. (more…)
Работна акција во Наце Буѓони
На 30.10.2017год. во нашето училиште се реализираше работна акција за разубавување на работилницата на училиштето. Фасадата на работилницата за практична настава беше бојадисана од група на ученици од втора година, како дел од активностите за општествено корисна работа. (more…)
Ученици од “Наце Буѓони” учествуваа на работилница поддржана од Советот на Европа и ЕУ
Учениците од “Наце Буѓони” на 27.10.2017г. зедоа учество во интерактивна работилница со останати учениците од основните и средните училишта од Куманово со цел да се препознаат стереотипите, предрасудите и дискриминацијата и влијанието кон нивното намалување и спречување. Оваа работилница е поддржана од Кампањата Доста! програма од Советот на Европа и „Европа за Граѓаните“ програма на Европската унија.