Home » Uncategorized » Ученици од ,,Наце Буѓони” меѓу најдобрите на националниот MOS натпревар

Ученици од ,,Наце Буѓони” меѓу најдобрите на националниот MOS натпревар

DSC_0471

На националниот натпревар MOS (Microsoft Office Specialist), кој се одржа на 31 Мај во Скопје, седум ученика од нашето училиште се здобија со сертификати и се меѓу најдобрите во нашата држава.

Најдобри беа учениците:

Марко Гиевски    IV-6

Леонид Механджијски     II-7

Кристијан Масевски      II-7

Давид Трајковски      II-7

Mоника Спасиќ       II-9

Стефан Костов         II-7

Никола Пачковски        II-7

Овие сертификати се доделуваат на ученици кои имаат истакнати знаења во областа на информатика, а истите се меѓународно признаени од страна на Европската комисија за стандардизација.

Натпреварот е со поддршка од Министерството за информатичко општество и администрација и локалните самоуправи. Наградените учениците, менторот Марјан Спасиќ и директорот Драган Јаневски беа на свечен прием кај Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кој финансиски го подржа овој проект.