Home » За нас » Училишен парламент » Училишен парламент

Училишен парламент

Во октомври 2012 год. учениците од ,,Наце Буѓони” заедно со неколку професори од училиштето основаа Училишен Парламент.

Целта на овој Училишен парламент е самите ученици да се вклучат во една работна целина каде ќе се донесуваат одлуки и ќе се дискутира за тоа како се одвива наставата во училиштето, кои се предностите на училиштето, колку се ангажирани учениците за успехот, што им недостасува на учениците и да им даваме поддршка на учениците кои се натпреваруваат.

Парламентот брои околу 30 членови од кои 3 се професори а останатите се ученици. Бројот на членовите постепено расте. Одлуките и дискусијата се вршат на состаноци кои се изведуваат барем еднаш неделно на кој присуствуваат сите членови на парламентот. Состаноците се водат во склоп на годишниот план кој ги содржи сите активности кои ќе се одвиваат во текот на учебната година. Во годишниот план се вклучени сите месеци почнувајќи од месецот септември и во секој месец ќе се реализираат по неколку активности.
Училишниот Парламент е прва организација во градот Куманово во која се вклучени активно учениците.