Home » Активности » Одбележан ,,Светскиот ден за борба против СИДА”

Одбележан ,,Светскиот ден за борба против СИДА”

По повод 1 Декември – Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, во ОСТУ „Наце Буѓони“ се реализира едукативна активност од страна  на д-р Марјан Денковски,Центар за јавно здравје Куманово со цел подигнување на свеста за превенција, рано откривање и правилна информираност.

Беа опфатени  учениците од сите струки во нашето училиште.

Ученичките  од здравствената струка подготвија црвени панделки, симбол на поддршка, солидарност и почит кон сите кои живеат со ХИВ, како и потсетник дека превенцијата и знаењето се најсилното оружје во борбата против ова заболување.

Со заеднички напори, едукација и поддршка, градиме заедница која се бори против стигмата и која се грижи за здравјето и благосостојбата на сите.

1 Декември – Ден да се потсетиме, да научиме и да поддржиме.